Рош донира лекови и дијагностички решенија за лицата погодени од земјотресот во Турција и Сирија

Рош испраќа донација за Турција и Сирија со вкупна вредност од 1,5 милиони швајцарски франци која вклучува лекови, други производи и финансиска поддршка. Меѓу другото, донацијата содржи и 120 000 пакувања rocephin, клучен антибиотик кој се користи за лекување на многу видови бактериски инфекции и еден од есенцијалните лекови според Светската здравствена организација. Покрај тоа, компанијата планира да донира и неопходни материјали за пациентите со дијабетес.

Рош изразува длабоко сочувство за лицата погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија што се случи на 6 февруари 2023 година и посветено работи на поддршка на народот на Турција и Сирија со медицински производи во согласност со целокупната мисија на Рош. Нашите мисли се со лицата погодени од оваа трагедија и нивните семејства. Имаме информација дека сите наши вработени се безбедни. За оние колеги од Рош кои ги загубија своите домови, Рош ќе обезбеди привремено сместување и активно ќе ги поддржува.

Основана во 1896 година во Базел, Швајцарија, како еден од првите индустриски производители на брендирани лекови, Рош прерасна во најголемата светска биотехнолошка компанија и лидер во светот во ин-витро дијагностика. Компанијата се стреми кон научна извонредност за да открие и развие лекови и дијагностички алатки за подобрување и спасување на животите на луѓето околу светот. Ние сме пионер во персонализираната здравствена заштита и сакаме дополнително да го трансформираме начинот на обезбедување на здравствената заштита, за да има уште поголемо влијание. Со цел да се обезбеди најдобра грижа за секое лице, ние креираме партнерства со многу засегнати страни и ги комбинираме нашите силни страни во одделите за дијагностика и лекови со податоци од клиничката пракса.

Препознавајќи го нашиот напор да продолжиме со долгорочна перспектива во сè што правиме, Рош беше, тринаесетта година, по ред прогласена за една од најодржливите компании во фармацевтската индустрија од страна на Dow Jones Sustainability Indices. Оваа особеност исто така ги рефлектира нашите напори да го подобриме пристапот до здравствената заштита заедно со локалните партнери во секоја земја во која работиме.

Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на Рош Групацијата. Рош е мнозински акционер во Chugai Pharmaceutical, Јапонија.

За повеќе информации посетете ја веб страницата:  и 

Преземања

Преземете го соопштението

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава