„Рош“ презентираше нови клинички податоци за низа хематолошки болести во тек на двата најголеми настани од областа на хематологија во Европа
Скопје, 17.07.2017
„Рош“ неодамна објави дека над 45 абстракти беа презентирани на двата најголеми настани од областа на хематологијата во Европа, 14та Интернационална конференција за малигни лимфоми (ICML) и 22от Конгрес на Европската хематолошка асоцијација (ЕНА). Тие вклучуваат 24 орални презентации и повеќе од 25 постери за лекови и нивни комбинации за претходно одобрени лекови или лекови во фаза на истражување.
Интернационалната конференција за малигни лимфоми е меѓународен стручен настан кој се организира секоја втора година во Лугано, Швајцарија, каде се презентираат нови пронајдоци од истражувањата, откритија во патогенезата на малигните лимфоми и нови лекови за пациентите. Оваа година настанот се одржа од 13-17 јуни и привлече повеќе од 3.500 хематолози од околу 90 земји со широк спектар на суб-специјалности со цел презентација и дискусија на повеќе од стотина абстракти. Стручните и научните презентации ги претставија последните обновени податоци од различни теми со висок интерес кон малигните лимфоми.
Во тек на Конференцијата беа презентирани и 22 абстракти од кои 13 орални презентации во пленарната сесија и 9 постери со широк спектар на целни терапии и нивни комбинации кои „Рош“ ги истражува кај малигните лимфоми во различни третмански линии.
Клучните абстракти кои ги претставуваат лековите на „Рош“ и кои беа презентирани можат да се најдат подолу во табелата.