РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје како одговорна компанија презема обврска да го следи Кодексот за објавување на податоци за трансфер на вредности од страна на производителите на лекови кон здравствените работници и кон здравствените организации, усвоен од Европската федерација на фармацевтски индустрии и асоцијации (анг. EFPIA, European Federation of Pharmaceutical Industries and Assotiations). Повеќе информации во врска со кодексот може да пронајдете на следниот
Согласно овој документ, а со цел зголемување на транспарентноста на своето работење, РОШ се обврзува јавно да објавува податоци поврзани со плаќања и други вредносни трансфери што РОШ ги реализирал спрема здравствените работници и спрема здравствените организации. Првата објава која се однесува на
Листата на
Листата на
Листата на
Листата на
Зголемувањето на транспарентноста преку поединечното објавување на трансферот на вредности е добро за сите, вклучително и за
здравствените работници, бидејќи на тој начин се гради разбирање за оваа важна соработка. Кога фармацевтските компании истражуваат, развиваат и воведуваат нови лекови во клиничката пракса, потребен е придонес од голем број засегнати страни, како што се здравствените работници и здравствените организации. Со воведувањето на Кодексот за објавување податоци на EFPIA се помага во подобрување на разбирањето на овие важни односи.
Активности кои се опфатени со објавата се: истражувачки и образовни грантови наменети за здравствени организации, како и трансфери на вредност кон поединци за активности како што се говорење на едукативни состаноци, консултантски услуги, присуство на советодавни одбори, како и поддршка за присуство на едукативни состаноци.
Внесувањето на поголема транспарентност во овие веќе добро регулирани и суштински односи е со цел зајакнување на основата за соработка во иднина. Интеракциите помеѓу индустријата, здравствените работници и здравствените организации е од витално значење за да можеме да продолжиме да развиваме лекови кои ја унапредуваат здравствената заштита и продолжуваат да го подобруваат животот на пациентите во Република С. Македонија.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.