Оддел за медицински информации

Одделот за медицински информации обезбедува одговори на медицински прашања адресирани до Рош исклучиво од страна на здравствени работници и е наменет само за здравствени работници. Доколку не сте здравствен работник, Ве молиме разговарајте со Вашиот доктор/фармацевт/медицинска сестра за прашањата кои ги имате во врска со Вашето здравје, лекови, медицински услуги или други здравствени прашања.

 Одделот обезбедува:

  • детални одговори подготвени врз основа на принципите на медицина базирана на докази;
  • прегледи на научна литература (извадоци, студии во целост и слично);
  • селекција на научни публикации (апстракти, публикации итн);
  • појаснување за нашите лекови и услуги;
  • најнови објавени резултати од клиничките студии со лекови на Рош.

Доколку имате потреба од медицински информации Ве молиме контактирајте нé на [email protected], телефон 02 3103 500 или на следниов линк.

Прашалник за задоволство

Одделот за Медицински информации при РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје секогаш се труди да обезбеди високо квалитетна услуга на своите клиенти. Ќе бидеме благодарни доколку одвоите една минута од Вашето време за да одговорите на пет прашања кои се однесуваат на медицинските информации кои ги добивате од нас. 

Ве молиме кликнете  тука за да го отворите прашалникот.