Дифузен Б-големоклеточен лимфом (ДБГЛ) во бројки

ДБГЛ претставува околу 30% од сите новодијагностицирани случаи на не-Хочкинов лимфом и тој е најчестиот Б-клеточен не-Хочкинов лимфом.(1,2)

ДБГЛ се јавува најчесто кај средновечни и стари лица, нешто почесто кај мажи наспроти жени. Просечната возраст на болните при поставување на дијагноза е 64 години.(2)

Прв знак за ДБГЛ често е безболна, брзорастечка маса која всушност претставува зголемен лимфен јазол на врат, пазуви или препони. Кај болните може да биде присутна и треска, губитока на телесна тежина како и обилно ноќно потење.(2)

Кај околу 40% од болните, ДБГЛ не настанува во лимфните јазли, туку започнува во други места во организмот, најчесто во гастроинтестиналниот тракт, но и во тестиси, кожа, централен нервен систем и други органи, кое се нарекува екстранодална презентација на болеста.(2)

Со профилирање на генска експресија идентификувани се главно два молекуларни подтипови на оваа болест: GCB DLBCL и ABC DLBCL, кои меѓусебно значајно се разликуваат според исходот од лекувањето и преживување на пациентите. Лицата со GCB DLBCL имаат подобра прогноза и подобри исходи од лекувањето во однос на лицата со ABC DLBCL.(3)

ДБГЛ, без разлика на подтипот, е агресивна форма на НХЛ и ако не се започне со соодветна терапија навреме може да има смртен исход. Меѓутоа, со соодветна хемоимунотерапија, 60% од пациентите со ДБГЛ ќе бидат излекувани при првичниот третман на болеста.(4)

20 - 25%

10 - 15%

Кај 20-25% од пациентите после првичниот третман, ДБГЛ се појавува повторно, најчесто во тек на првите 2 години после првичниот третман, а 10-15% од пациентите се рефрактерни (не реагираат) на првичниот третман.(3)Позитивен исход од повторното лекување на ДБГЛ кај пациенти кои немале одговор на првичниот третман е малку извесно.(4) Поради ова, потребни се нови третмански опции кои ќе го унапредат исходот после првичниот третман на ДБГЛ.

Референци

  1. Globocan 2018. World fact sheet. пристапено: ноември 2018 г. достапно на:

  2. Patient education: Diffuse large B cell lymphoma in adults (Beyond the Basics)

  3. Sehn LH and Gascoyne RD. Diffuse large B-cell lymphoma: optimizing outcome in the context of clinical and biologic heterogeneity. Blood 2015;125:22–32.

  4. Coiffier B, Sarkozy C. American Society of Hematology. Diffuse large B-cell lymphoma: R-CHOP failure—what to do? 2016;1:366-378.

Откриј повеќе

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава