Да ја разбереме мултиплата склероза

Мултиплата склероза (МС) е болест на централниот нервен систем (ЦНС), кој вклучува мозок, 'рбетен мозок и оптичките нерви. Обично се смета за единствена болест, но нејзиниот тек и симптомите варираат од личност до личност.

Кој може да добие МС?

Мултиплата склероза е водечка причина за не-трауматски инвалидитет кај млади луѓе.1,2

МС најчесто се дијагностицира на возраст помеѓу 20 и 40 години3

МС е два пати почеста кај жени наспроти кај мажи2

Околу
2,3 милиони или 1 на 3.0002
лица имаат МС во светот

Преваленцата на МС е најголема во земјите кои се најдалеку од екваторот4

Околу1 на 710 лице во Северна Америка има МС2

Околу 1 на 925 лице во Европа има МС2

Околу 1 на 1050 лице во Австралија има МС2

Симптомите можат да влијаат на скоро секој дел од телото и умот

Луѓето со МС можат да доживеат многу видови на симптоми.5

90%До 90% од луѓето со МС чувствуваат замор6

50%15 години по појава на првите симптоми, повеќе од 50% од луѓето со МС имаат тешкотии при движење5,7,8

20%Тешкотии со видот се чести, и прв симптом кај 15-20% од луѓето со МС9

80%Најмалку 80% од луѓето со МС имаат проблеми со мочниот меур10

2xДепресијата е за околу 2 пати почеста кај луѓето со МС11

2xПроблеми со спиење се двапати почести кај луѓето со МС12

МС има различни текови на болеста

Мултиплата склероза е категоризирана во курсеви базирана на тоа како болеста генерално се однесува, дали болеста е активна или не и како напредува прогресијата на инвалидноста со текот на времето.

За поголемо разбирање на текот на болеста, посетете ја страната на: National Multiple Sclerosis Society.13

РРМС

Релапсно-ремитентна МС

СПМС

Секундарно прогресивна МС

ППМС

Примарно прогресивна МС

Активноста на болеста може да се измери

Без оглед на текот на болеста кој може да го има едно лице со МС, релапсна или прогресивна форма на МС, таа може да биде активни или неактивна во различни временски периоди.14 Активноста на болеста може да биде надворешно видлива преку појава на нови или влошување на веќе постоечките знаци или симптоми. Активноста на болеста може да се открие со помош на специјална опрема како магнетна резонанца (анг. MRI, magnetic resonance imaging).

  • Релапс

    Релапс

    Релапс или егзацербација на МС (исто така познат како напад или рецидив), предизвикува нови симптоми или влошување на веќе постоечките симптоми.15 Нападот мора да трае најмалку 24 часа и да биде одделен од претходен напад најмалку еден месец. Повеќето релапси траат од неколку дена до неколку недели или дури месеци и може да бидат проследени со нецелосно или целосно закрепнување.

  • Прогресија на инвалидноста

    Прогресија на инвалидноста

    Колку брзо или бавно се влошува инвалидноста може да варира, но прогресијата е континуирано зголемување на инвалидноста со текот на времето.

  • Активност на болеста според MRI

    Активност на болеста според MRI

    Лезиите се воспалени или оштетени области во ЦНС што можат да се забележат со помош на магнетна резонца. Мозочните лезии можат да се појават или да се зголемат без притоа веднаш да се забележат последици, но можат да бидат знак на неповратно оштетување и можат да доведат до прогресија на инвалидноста.16

Многу е направено досега

Не постои лек за МС, но истражувањата продолжуваат за подобро разбирање и лекување на болеста.5

Што предизвикува МС?
Кои се новите начини кои можат да ја следат активноста на болеста?
Како можеме подобро да ги истражиме новите лекови за МС?
Како можеме да предвидиме кои пациенти ќе имаат корист од одреден третман?

Референци