Препознавањето на разликата помеѓу симптомите на грип и оние на настинка може да ви помогне да знаете како да се справите со вашата болест.

 

Грипот или „инфлуенцата“ е вирусна инфекција која предизвикува карактеристични симптоми кои можат да ви помогнат да го идентификувате рано и да побарате лекарска помош.1,2

Инфекцијата со вирусот на грип резултира со симптоми кои се многу различни од оние типични за обичниот вирус на настинка. Ако се заразите со грип, обично ќе доживеете бројни симптоми кои вклучуваат:1

  • треска
  • главоболка
  • мускулна болка
  • општа слабост
  • респираторни симптоми, вклучувајќи кашлица, исцедок од нос и болки во грлото

Може да се чувствувате лошо дури и ако поминала треската, ова може да трае и до 2 недели, што значи дека можеби не сте во можност да ги извршите нормалните секојдневни активности во одреден период.3,4

Многу луѓе мислат дека нема потреба да се јават кај нивниот лекар кога имаат грип. Се покажало дека само 1 од 3 лица заразени со грип бараат лекарска помош во првите 2 дена од развој на симптомите.5,6 Сепак, ако имате грип, тоа може да има значително влијание врз вашиот дом и работата, така што важно е да побарате медицински совет веднаш штом ќе сфатите дека имате грип, со цел да го скратите времетраењето и влијанието на болестa.3,4,7

grip

Кои медицински третмани се достапни за грип?

Пред почнување на сезоната на грип, примањето на вакцина против грип може да ги намали шансите да се заразите.8 Сепак, ефективноста на вакцината против грип зависи од голем број различни фактори, вклучително и вашата возраст, општото здравје, времето кога ќе ја примите вакцината и колку добро е прилагодена на доминантните видови на грип за тековната сезона.8

Можеби е корисно да побарате антибиотик за превенција на потенцијалните компликации од инфекцијата со вирусот на грип. Сепак, антибиотиците не се соодветен третман за грип бидејќи се дизајнирани за лекување на бактериски инфекции и немаат ефект врз вирусни инфекции.9

Може да изберете да користите лекови без рецепт за менаџирање на симптомите на грип. Лековите без рецепт можат да ви помогнат во намалување на треската, температурата, болките и конгестијата, тие директно не влијаат на текот на инфекцијата со вирусот на грип и не го намалуваат ризикот за пренесување на инфекцијата на други лица.2 Доколку имате ризик од компликации поврзани со грип, не треба да користите лекови без рецепт кои ќе го одложат барањето на медицинска помош, туку треба веднаш да се консултирате со вашиот лекар.2

Исто така, постојат антивирусни третмански опции кои имаат за цел менаџирање на инфекцијата со грип. Антивирусните лекови против грип не се лекови без рецепт и можете да ги набавите само доколку имате рецепт од лекар.10

Антивирусните лекови против грип, за кои се покажало дека не само што го скратуваат времетраењето на симптомите на грип,11,12 исто така можат да го намалат и ризикот од тешко заболување па дури и смрт,2 имаат најголема придобивка ако се земат веднаш по појавата на првите симптоми.7

Антивирусни лекови против грип

  • го скратуваат текот на грипот11,12
  • ја намалуваат стапката на компликации од грип13,14
  • го намалуваат ризикот од хоспитализации поврзани со грипот15 

 

Референци:

 

1. Centers for Disease Control and Prevention. Key facts about influenza (flu). Достапно на: https://www.cdc.gov/flu/keyfacts.htm. пристапено: јули 2019 година.

2. Klepser ME. Socioeconomic impact of seasonal (epidemic) influenza and the role of over-the-counter medicines. Drugs. 2014;74:1467–79.

3. Keech M, Beardsworth P. The impact of influenza on working days lost: a review of the literature. Pharmacoeconomics. 2008;26:911–24.

4. Paules C, Subbarao K. Influenza. Lancet. 2017;390:697–708.

5. Gaglia MA, et al. Patient knowledge and attitudes about antiviral medication and vaccination for influenza in an internal medicine clinic. Clin Infect Dis. 2007;45:1182–8.

6. Biggerstaff M, et al. Influenza-like illness, the time to seek healthcare, and influenza antiviral receipt during the 2010–11 influenza season — United States. J Infect Dis. 2014; 210: 535–44.

7. Centers for Disease Control and Prevention. Influenza antiviral medications: summary for clinicians. Достапно на: https://www.cdc.gov/flu/professionals/antivirals/summary-clinicians.htm. пристапено: јули 2019 година.

8. WebMD. How effective is the flu vaccine? Достапно на: https://www.webmd.com/vaccines/how-effective-is-flu-vaccine#1. пристапено: јули 2019 година.
9. Imanpur S, et al. Factors associated with antibiotic prescriptions for the viral origin diseases in office-based practices, 2006–2012. JRSM Open. 2017;8(8):2054270417717668.

10. Centers for Disease Control and Prevention. What You Should Know About Flu Antiviral Drugs. Достапно на: https://www.cdc.gov/flu/treatment/whatyoushould.htm. пристапено: јули 2019 година.

11. The MIST (Management of Influenza in the Southern Hemisphere Trialists) Study Group. Randomised trial of efficacy and safety of inhaled zanamivir in treatment of influenza A and B virus infections. Lancet. 1998;352:1877–81.

12. Treanor JJ, et al. Efficacy and safety of the oral neuraminidase inhibitor oseltamivir in treating acute influenza: a randomized controlled trial. JAMA. 2000;283:1016–24.

13. Kaiser L, et al. Impact of zanamivir on antibiotic use for respiratory events following acute influenza in adolescents and adults. Arch Intern Med. 2000;160:3234–40.

14. Lalezari J, et al. Zanamivir for the treatment of influenza A and B infection in high-risk patients: a pooled analysis of randomized controlled trials. Arch Intern Med. 2001;161:212–7.

15. Kaiser L, et al. Impact of oseltamivir treatment on influenza-related lower respiratory tract complications and hospitalizations. Arch Intern Med. 2003;163:1667–72.