Соработка со пациентските организации на одржлив начин

 

Интегритетот и транспарентноста ги одредуваат нашите интеракции со пациентите и пациентските организации

Рош е убеден дека отворениот дијалог и транспарентната размена на информации со пациентските организации и пациентите се од витално значење.

Рош гледа огромна вредност во соработката со пациентите и пациентските организации, бидејќи Рош може да се потпре на нивното уникатно искуство, експертиза и перспективи. Особено, соработката со пациентите и пациентските организации ни овозможува да разбереме како најдобро да ја вклучиме перспективата на пациентот додека ги развиваме нашите лекови и дијагностички алатки. Континуирано склучуваме партнерства со пациенти и пациентски организации во различни терапевтски области, уште пред започнување на клиничките истражувања на лековите, преку развој на лекови до пристап на лековите на пазарот.

Рош применува високи етички стандарди при соработка со пациентските организации и пациентите, како што се гледа во Директивата на Рош. Клучни принципи се интегритет, независност, почитување, правичност, транспарентност и взаемна корист. Во директивата, терминот пациенти е дефинирано нашироко и вклучува пациентски организации, групи на пациенти, здруженија на пациенти, групи за застапување на пациенти, заедници на пациенти, пациенти-експерти, заедници на пациенти преку интернет, членови на семејства, старатели и индивидуални пациенти. Директивата се однесува на сите компании на Рош и сите трети страни, на пр. агенции, кои работат во име на Рош.

Во име на транспарентност, Рош ги открива имињата на пациентските организации кои добиле финансиска помош или значајна непарична поддршка од Рош, како и оние групи на пациенти кои Рош ги ангажирал за да обезбеди значајни договорни услуги.

Кликнете овде за да пристапите до Листата на пациентските организации кои Рош ги поддржува низ целиот свет.

Неодамна, Рош ја лансираше платформата ForPatients, глобална веб страница која се осврнува на потребата од резиме на клинички испитувања кои се спроведуваат, информации за клиничките испитувања на Рош и јавна свест за болестите.