skip to content

За Рош

Во текот на нашата 125-годишна историја, Рош прерасна во еден од најголемите светски биотехнолошки компании, како и водечки снабдувач на ин-витро дијагностика и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести. Нашата посветеност кон луѓето, партнерите, засегнатите страни и што е најважно, нашите пациенти останува силна како што беше и на првиот ден од нашето патување.

Пионер во здравството

Ние сме посветени на подобрување на животот од основањето на компанијата во 1896 година во Базел, Швајцарија. Денес, Рош создава иновативни лекови и дијагностички тестови кои им помагаат на милиони пациенти на глобално ниво.

За Рош

Нашата историја

Повеќе од еден век ги унапредуваме животите на пациентите

Лидер во персонализираната здравствена заштита

Рош беше една од првите компании која откри целни третмани за пациентите. Со нашата комбинирана сила во фармацевтски производи и дијагностика, ние сме подобро опремени од било која друга компанија за понатамошно управување со персонализираната здравствена заштита. Две третини од нашите проекти за истражување и развој се развиваат со придружна дијагностика.

За Рош

Пионер во персонализираната здравствена заштита

Напуштање на концептот „еден пристап за сите“ и негова замена со концептот „најдобра нега за секого“.

Најголема биотехнолошка компанија во светот

Ние сме светски број 1 во биотехнологија со 14 биофармацевтски производи на пазарот. Над половина од молекулите во развој се биофармацевтски производи, што ни овозможува да испорачаме подобри целни терапии.

Глобален лидер во третман на малигни болести

Ние сме лидери во истражувањето и лекувањето на малигните болести повеќе од 50 години, со лекови за карцином на дојка, кожа, дебело црево, јајници, бели дробови и бројни други малигни болести.

Светски лидер за ин-витро дијагностика

Ние им нудиме на лекарите исцрпни информации за да ги водат третманите и да одговорат на повеќе прашања на пациентите од која било друга компанија. Нашите тестови им овозможуваат на болниците и лабораториите да ги доставуваат тие информации брзо и сигурно.

Посветен инвеститор во иновации

Инвестираме околу 9 милијарди швајцарски франци во истражување и развој секоја година, бидејќи иновацијата е во нашата срж. Ова е меѓу највисоките инвестиции во истражување и развој во светот во сите индустрии.

Одлично место за работа

Ние сме сила од над 98.000 луѓе кои работат заедно во повеќе од 150 земји. Рош постојано е рангиран како најдобар избор на работодавач од страна на своите вработени и од надворешни институции.

Одржлива компанија

Долги години по ред сме признати од Индексите на одржливост на Dow Jones како лидер во одржливоста во рамките на нашата индустрија.

За нас

Одржливостa во Рош

Одржливоста е вградена во нашата деловна стратегија и e дел од работата на сите во Рош.