Одржливост во Рош

Одржливоста е вградена во нашата деловна стратегија и e дел од работата на сите во Рош.

Нашата цел е да го направиме денес она што на пациентите ќе им треба во иднина. Начинот на којшто ги идентификуваме и ги исполнуваме тие потреби – она што го правиме секој ден – мора да биде одржлив доколку сакаме да успееме. Токму затоа одржливоста е вградена во нашата деловна стратегија и е дел од секого во Рош.

Нашиот пристап е холистички и ги интегрира трите димензии на одржливоста.

  • Општество: начинот на којшто придонесуваме за подобро утре за сите

  • Животна средина: начинот на којшто го минимизираме нашето влијание врз природата

  • Економија: начинот на којшто инвестираме во медицински напредок, создаваме работни места и обезбедуваме егзистенција

Дополнително, одговорноста и правилното управување се од суштинско значење за да се одржи довербата и да се исполни нашата цел. Ние ги мериме нашите перформанси за одржливост според нашите временски ограничени цели, јавно известуваме со цел да обезбедиме промовирање на транспарентноста и подобрување на нашата работа секаде каде што работиме.

Транспарентноста и отчетноста се од суштинско значење за одржување на довербата и за исполнување на нашата цел. Нашите резултати од одржливоста ги мериме според нашите временски ограничени цели, јавно известуваме со цел да обезбедиме промовирање на транспарентноста и подобрување на нашата работа секаде каде што работиме.

Одржливоста е интегрирана во корпоративната визија, вредностите, стандардите за работа и упатствата на Рош. Овој пристап значи дека ниту еден оддел не е одговорен за управување со одржливоста. Наместо тоа, сите вработени се поттикнуваат да интегрираат одржливи практики во нивната секојдневна работа.

Одржливост во Рош

Дознајте повеќе за нашиот глобален пристап кон одржливост тука (на англиски јазик).

Откриј повеќе