Да ја разбереме мултиплата склероза
:quality(90)/)
Мултиплата склероза (МС) е болест на централниот нервен систем (ЦНС), кој вклучува мозок, 'рбетен мозок и оптичките нерви. Обично се смета за единствена болест, но нејзиниот тек и симптомите варираат од личност до личност.
Кој може да добие МС?
Мултиплата склероза е водечка причина за не-трауматски инвалидитет кај млади луѓе.1,2
МС е два пати почеста кај жени наспроти кај мажи2
МС најчесто се дијагностицира на возраст помеѓу 20 и 40 години3
Околу 2,3 милиони или 1 на 3.000²
лица имаат МС во светот

Околу1 на 710 лице во Северна Америка има МС2
Околу 1 на 925 лице во Европа има МС2
Преваленцата на МС е најголема во земјите кои се најдалеку од екваторот4
Околу 1 на 1050 лице во Австралија има МС2
Симптомите можат да влијаат на скоро секој дел од телото и умот
Луѓето со МС можат да доживеат многу видови на симптоми.5
90%
До 90% од луѓето со МС чувствуваат замор6
50%
15 години по појава на првите симптоми, повеќе од 50% од луѓето со МС имаат тешкотии при движење5,7,8
20%
Тешкотии со видот се чести, и прв симптом кај 15-20% од луѓето со МС9
80%
Најмалку 80% од луѓето со МС имаат проблеми со мочниот меур10
2x
Депресијата е за околу 2 пати почеста кај луѓето со МС11
2x
Проблеми со спиење се двапати почести кај луѓето со МС12
МС има различни текови на болеста
Мултиплата склероза е категоризирана во курсеви базирана на тоа како болеста генерално се однесува, дали болеста е активна или не и како напредува прогресијата на инвалидноста со текот на времето.
За поголемо разбирање на текот на болеста, посетете ја страната на: National Multiple Sclerosis Society 13
РРМС
Релапсно-ремитентна МС
СПМС
Секундарно прогресивна МС
ППМС
Примарно прогресивна МС
Активноста на болеста може да се измери
Без оглед на текот на болеста кој може да го има едно лице со МС, релапсна или прогресивна форма на МС, таа може да биде активни или неактивна во различни временски периоди.14 Активноста на болеста може да биде надворешно видлива преку појава на нови или влошување на веќе постоечките знаци или симптоми. Активноста на болеста може да се открие со помо ш на специјална опрема како магнетна резонанца (анг. MRI, magnetic resonance imaging).