Ние сме посветени на подобрување на животот од основањето на компанијата во 1896 година во Базел, Швајцарија. Денес, Рош создава иновативни лекови и дијагностички тестови кои им помагаат на милиони пациенти на глобално ниво.
Рош беше една од првите компании која откри целни третмани за пациентите. Со нашата комбинирана сила во фармацевтски производи и дијагностика, ние сме подобро опремени од било која друга компанија за понатамошно управување со персонализираната здравствена заштита. Две третини од нашите проекти за истражување и развој се развиваат со придружна дијагностика.
Ние сме светски број 1 во биотехнологија со 14 биофармацевтски производи на пазарот. Над половина од молекулите во развој се биофармацевтски производи, што ни овозможува да испорачаме подобри целни терапии.
Ние сме лидери во истражувањето и лекувањето на малигните болести повеќе од 50 години, со лекови за карцином на дојка, кожа, дебело црево, јајници, бели дробови и бројни други малигни болести.