Месец за подигнување на свеста за ракот на бели дробови

Ракот на бели дробови е едeн од најчестите форми на карцином, со повеќе од 2.000.000 новодијагностицирани лица ширум светот секоја година и водечка причина за смрт од рак на глобално ниво.¹ Ако се дијагностицира во рана фаза, пациентите имаат 13 пати поголема шанса за 5-годишно преживување.²

Преку подигнување на јавната свест за далекусежното влијание на болеста и продолжување на рушење на стигмата поврзана со ракот на бели дробови, се надеваме дека ќе постигнеме подобар исход за пациентите овој ноември и пошироко.

Пред повеќе од 20 години, Lung Cancer Alliance ја започна кампањата насловена Lung Cancer Awareness Day (LCAD) во САД со цел да ја подигне свеста и препознавањето на типичните симптоми на карцином на белите дробови, кои вклучуваат постојана кашлица, замор и губење на апетит.3 На крајот, ова прерасна во светска иницијатива и Месецот за подигнување на свеста за рак на бели дробови (анг. Lung Cancer Awareness Month, LCAM) се одржува секој ноември.

Намерата е овој месец да се охрабрат луѓето да го посетат својот лекар што поскоро, да се забрза дијагностиката, да се обезбеди најдобра можна шанса за ефикасно лекување на болеста и да се потенцираат другите важни фактори кои влијаат на исходите од лекувањето на пациентот. На пример, едукација за комплексноста на карциномот на бели дробови на сите засегнати чинители може да помогне во промовирање на рана дијагноза и поттикнување на подобра нега на пациентот.4 Исто така, LCAM е можност да се потенцира напредокот во третманот, да се унапрди пристапот до соодветна грижа и што е најважно да ја покажеме нашата поддршка за пациентите и нивните најблиски.

Предизвикување на стигмата

Вообичаена заблуда е дека карциномот на бели дробови е само болест на пушачи. Како и да е, над половина од дијагностицираните лица се поранешни пушачи или луѓе кои никогаш не пушеле.5 Оваа заблуда е поврзана со лошите исходи, како резултат на фактори како што се одложување на барање третман, вознемиреност поврзана со болеста, намалена социјална поддршка и понизок квалитет на грижа.6,7

Ние во Рош сме посветени во подобрување на исходите за секое лице заболено од рак на бели дробови. Една од нашите клучни цели на овој месец е да ги разбиеме митовите и стигмата поврзана со карциномот на бели дробови и да ги истакне перспективите на лицата погодени од оваа болест. Како дел од нашата кампања, нашето видео (погоре) ги обединува индивидуалните перспективи на лицата погодени од карцином на бели дробови, вклучувајќи ги и пациентите, членовите на нивното семејство, онколозите и пациентските организации, покажувајќи дека емоционалниот товар на болеста не го засега само пациентот туку и другите.

Референци:

  1. WHO. Cancer. достапно на: 

  2. National Cancer Institute. SEER Cancer Statistics Review 1975-2010. достапно на: 

  3. American Cancer Society. Signs and Symptoms of Lung Cancer. достапно на: 

  4. American Lung Association. достапно на: https://www.lung.org/assets/documents/research/addressing-the-stigma-of-lung-cancer.pdf.

  5. Yang P. Lung Cancer in Never Smokers. Semin Respir Crit Care Med. 2011;32(1):10-21.

  6. Chambers S, et al. A systematic review of the impact of stigma and nihilism on lung cancer outcomes. BMC Cancer. 2012;12:184.

  7. Henningfield M and Adjel A. Lung Cancer Awareness Month – A Lot of Progress, But More Work Needs to Be Done. Journal of Thoracic Oncology. 2017;12(11):1603-1605.

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Откриј повеќе

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава