Ракот на кожа е еден од најчестите типови на рак; годишно, повеќе од 232.000 лица се дијагностицираат со оваа болест.1
На секои 53 минути по едно лице го губи животот како последица од меланом.2
90% од овие случаи можат да се спречат.3
Превенција - Хероите се заштитуваат себеси и ги заштитуваат луѓето околу себе
Нанесуваат крема за сончање, дури и во денови кога нема сонце - UV зраците се секогаш присутни!
Сончевите зраци се најсилни помеѓу 10 часот наутро и 2 часот попладне. Ако хероите излегуваат надвор во овој период, носат облека со долги ракави, наочари за сонце и капа.
Хероите добро знаат за АБГДЕ (асиметрија, боја, граница, дијаметар и еволуција на бемка) и ги учат останатите за овие знаци со кои може да се забележи меланомот. Тие исто така си прават проверка на кожата секој месец.
Поддршка - Хероите даваат се од себе за да им помогнат на лицата кои боледуваат од рак
Хероите се главна поддршка за своите сакани после откривање на меланомот - ги придружуваат за време на лекарските контроли и се тука за нив во тек на целиот третман на болеста.
Сончевите зраци се најсилни помеѓу 10 часот наутро и 2 часот попладне. Ако хероите излегуваат надвор во овој период, носат облека со долги ракави, наочари за сонце и капа.
Хероите ја поддржуваат заедницата со тоа што ја зголемуваат свеста за оваа болест и пружаат рака кон другите лица кои се справуваат со меланомот.
Го предводат процесот на пронаоѓање на лек - Хероите пронаоѓаат решенија кои го продолжуваат животот и спасуваат животи
Хероите вредно работат во процесот на истражување и клиничко
Хероите работат за да го подобрат животот на лицата со рак - обезбедуваат ефективни и безбедни стратегии за третман.
Истражувачите, лекарите, пациентските организации и други лица вклучени во оваа индустрија, работат заедно за да овозможат побрз пристап до иновативните терапии за пациентите.
Користи го хаштагот #MelanomaHeroes и раскажи ни што правиш за да бидеш Херој.
Референци:
Creagan ET. Malignant melanoma: an emerging and preventable medical catastrophe. Mayo Clin Proc. 1997;72:570-4.
American Cancer Society. Cancer Facts and Figures 2017. Достапно на:
Melanoma Research Foundation. Practicing effective melanoma prevention. Достапно на:
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.