И покрај тоа што Рош максимално се труди дадените информации да бидат точни и навремени не даваме никакви гаранции, ниту преземаме одговорност во врска со комплетноста на информациите објавени на оваа интернет-страница и не преземаме одговорност во врска со користењето на оваа интернет-страница и сите страници поврзани со оваа интернет-страница. Рош може да ја промени оваа страница во кое било време без претходна најава, меѓутоа не презема одговорност во поглед на обновувањето на актуелната содржина, која е пласирана на неа. Сите корисници се согласни дека влегувањето и употребата на оваа интернет-страница и/или на друга интернет-страница поврзана со нашата е на нивна одговорност. Ниту Рош, ниту која било друга страна која учествувала во креирањето, подготовката и одржувањето на оваа интернет-страница и/или на друга интернет-страница поврзана со нашата, не може да бидат одговорни на кој било начин за евентуалната штета настаната поради користењето на овие страници или поради неможноста да се користат овие страници и/или на друга интернет-страница поврзана со нашата, како ни за какви било грешки и превиди во содржината на овие страници. 

Информациите дадени на овие интернет-страници не содржат понуда или поттикнување во врска со какво било купување или тргување со акции на Рош. Инвеститорите не смеат да се потпираат на овие информации при донесувањето одлуки за инвестирање.

Овие страници може да содржат некои информации за идни случувања. Овие информации зависат од голем број значајни податоци кои треба да се потврдат, вклучително и научни, деловни, економски и финансиски фактори, така што конечниот резултат може значајно да се разликува од предвидениот.

Линкови кон страници, кои припаѓаат на трети страни, се поставени на страницата само поради Ваша корист. Ние не даваме никакво мислење во врска со содржината на интернет-страницата на третата страна и не прифаќаме никаква одговорност во врска со користењето на истите.

Сите споменати заштитни знаци се во сопственост на членовите на Рош групацијата.

Интернет-страниците на Рош и информациите кои ги содржат, вклучувајќи ги и референците, се прикажани само заради информација. Секаква репродукција, ретрансмисија или друго користење е најстрого забрането. Барање за дозвола за репродукција на секоја информација од оваа интернет-страница треба да се упати до Roche Webmaster.

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.