Understanding heart failure

Лимфом:
запознајте ги фактите

Лимфом е термин кој се користи за над 60 малигни болести кои започнуваат во клетките на вашиот имунолошки систем.1 Постојат две општи категории на лимфом: Хочкинов и не-Хочкинов лимфом (НХЛ). Повеќето случаи на дијагностицирани лимфоми се од видот на НХЛ. Разликата помеѓу подтиповите на НХЛ е важна за соодветен третман. Кликнете на картичките подолу за да дознаете повеќе за НХЛ и неговите најчести подтипови.

Која е најчестата форма на хематолошка малигна болест?

Хематолошките малигни болести се петта најчеста причина за смрт од малигна болест во светот. Лимфомот е една од најраспространетите форми.2

Што е не-Хочкинов лимфом (НХЛ)?

НХЛ е тип на хематолошка малигна форма која започнува во белите крвни клетки, познати како лимфоцити, кои се клучна компонентна во имунолошкиот систем.3

Кои се најчестите подтипови на НХЛ?

Двата најчести подтипови на НХЛ се дифузен Б големоклеточен лимфом, агресивна (брзорастечка) форма и фоликуларен лимфом, индолентна (бавно растечка) форма.4,5

Зошто идентификувањето на подтипот на НХЛ е важно при дијагностицирање?

Подтиповите можат да се однесуваат поинаку, што значи дека може да бараат различни третмани.6

Која е просечната возраст при дијагностицирање на фоликуларен лимфом?

Средната возраст при поставување на дијагноза на фоликуларен лимфом е 60 години.7

Колку проценти од пациентите со фоликуларен лимфом се дијагностицираат во напредната фаза на болеста?

Симптомите на фоликуларен лимфом често се појавуваат постепено и затоа не се забележуваат од пациентите, 80% од пациентите се дијагностицираат со напредната болест.8

Зошто некои пациенти со фоликуларен лимфом не добиваат третман веднаш по поставување на дијагнозата?

Ако болеста е во рана фаза, пациентите можеби нема да добијат никаков третман се додека не се појават симптоми или не се влошат, но нивната болест сепак ќе се следи. Ова е познато како „watch & wait”.9

Дали постои лек за фоликуларниот лимфом?

Фоликуларниот лимфом генерално се смета за неизлечлива болест; сепак, со третман за контрола на нивната болест, пациентите обично можат да преживеат многу години по дијагностицирање.10

Која е главната третманска цел кај фоликуларниот лимфом?

Со секој релапс на фоликуларниот лимфом, болеста станува потешка за лекување, а третманските опции стануваат сè поограничени. Целта на третманот е да се продолжи времето пред болест кај лицето со истовремено зачувувајќи го неговиот квалитет на живот.11

Референци