Од калуѓерки до ноќни смени: 8 интересни факти за карциномот на дојка

Факт 1: Карциномот на дојка е нарекуван „болест на калуѓерки” поради високиот број на калуѓерки кај кои бил откриен карциномот на дојка

Долгогодишни калуѓерки, како и жени кои немаат деца, имаат повисок ризик да умрат од карцином на дојка, јајници и матка, во споредба со мајките. Ризикот кај жените да добијат карцином се зголемува со бројот на менструалните циклуси кои ќе ги имале.

Факт 2: Карцином на дојка се јавува кај кучиња и мачки; значително е поагресивен кај мачки

Не се само луѓето кои страдаат од карцином на дојка, исто така и некои животни. Почесто се јавува кај кучиња отколку кај мачки, но е поагресивен кај мачките отколку кај кучињата.

Факт 3: Измет од оса се користел за третман на карцином на дојка

Измет од инсекти се користел многу во античките лекови за третман на карцином на дојка. На еден пронајден египетски папирус, предложена била мешавина од мозок од крава и измет од оса да се аплицира на туморот на дојката четири дена. Изметот од инсекти се сметал за најнапреден третман за карцином на дојка се до Средниот век. За среќа, третманите напреднале многу од тогаш.

Факт 4: Првата мастектомија извршена за карцином на дојка била пред 1.500 години

Првата мастектомија за која имаме запис била изведена во 548 година по нашата ера на Теодора, Императорка на Византија. Значајниот напредок во нашето разбирање и третманот на карцином на дојка во последните декади доведе до драматична редукција на употребата на „радикална“ мастектомија (каде дојката, градниот мускул и лимфните јазли се отстрануваат), кој бил стандарден хируршки пристап за карцином на дојка во 1960-тите години.

Факт 5: Мажите исто така добиваат карцином на дојка. Ризикот да развијат карцином на дојка во текот на животот е 1 наспроти 1.000.

Многу луѓе не разбираат дека и мажите имаат ткиво на дојка и дека и тие можат да развијат карцином на дојка. Но карциномот на дојка е поредок кај мажите бидејќи клетките на каналчињата на дојките се помалку развиени отколку кај жените и бидејќи нормално имаат пониски нивоа на женски хормони кои влијаат на растот на клетките на дојката.

Факт 6: Карциномот на дојка е почест на левата отколку на десната дојка

Левата дојка има за 5-10% поголема веројатност да развие карцином отколку десната дојка. Левата страна на телото грубо е 5% посклона да се развие меланом (тип на кожен карцином). Никој не знае точно зошто е тоа така.

Факт 7: Повеќето жени сега го преживуваат карциномот на дојка (барем во развиените земји)

Голем напредок е направен во изминативе години кај карциномот на дојка. Фактички, менаџирањето на карцином на дојка преку проценката на ризик, превенција, хирургија, зрачење и друг третман, драматично се смени. Стапката на смртност од карцином на дојка во многу развиени земји опаѓа во последниве години, и сега стапките на преживување се 80% или повеќе во земји како САД, Шведска и Јапонија. Како и да е, стапките на преживување остануваат под 40% во земјите во развој.

Факт 8: Работа во смени може да го зголеми ризикот од карцином на дојка

Меѓународната агенција за истражување на карциномот (анг. The International Agency for Research on Cancer) неодамна потврди дека жените кои работат ноќни смени 30 години или повеќе имаат двојно поголем ризик да добијат карцином на дојка. Не беше најдена поврзаност помеѓу зголемениот ризик за карцином на дојка и период на ноќна смена кој бил пократок од 30 години.

Фотографиите имаат само илустративни цели и сите прикажани лица се модели.

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава