Надеж за пациентите со карцином на дојка

Карциномот на дојка е најчесто заболување кое се јавува кај женскиот пол во целиот свет.1 Но, спротивно на вообичаеното верување, карциномот на дојка не е само една болест.

Постојат неколку видови карциноми на дојка и дефинирањето на типот на карцином на дојка кај жената е од суштинско значење за прилагодување на најдобриот третман за неа.

Карциномот на дојка се претставува преку розова нијанса. Но, во Рош, истражуваме дали карциномот на дојка може да биде единствена нијанса, кога тоа не е единствена болест. Секоја жена има своја приказна, свој посебен тип, своја розова нијанса.

Ние сакаме да ги претставиме посебните и индивидуалните приказни на три жени, од кои секоја живее со различен вид на карцином на дојка. Преку своите различни искуства со карциномот на дојка, тие го споделуваат својот пат, за дијагностицирање на самата болест, вклучувајќи го и влијанието на болеста врз нивното семејство и пријателите, но што е најважно, како успеале да ја преземат контролата над својата болест и да продолжат да го живеат животот во целост.

Рејчел го имала својот партнер покрај себе кога и бил дијагностициран тројно-негативен карцином на дојка.

Првото прашање што го има Рејчел е дали ќе може да има деца.

Слушнете ја личната приказна на Рејчел, додека ги надминува предизвиците да има семејство,  нешто што отсекогаш го посакувала, имајќи сопствен план за лекување што најдобро одговара за неа и нејзините потреби.

Алекс почувствувала јазол во една од нејзините гради. Знаела дека е нешто, но не била сигурна што.

На Алекс и е дијагностициран хормон позитивен и HER2-негативен карцином на дојка, кој подоцна се докажува дека е тројно-негативен карцином на дојка.

Слушнете ја моќната приказна на Алекс и нејзините блиски, во исчекување да ја добие својата дијагноза, како можност да ги разбие социјалните табуа за самата болест и различните типови на карцином на дојка.

На Ике е беше дијагностициран тројно-негативен карцином на дојка, а набргу потоа, HER2-позитивен.

Ике се сеќава на чувството на страв од непознатото, но што е најважно, на силата што никогаш порано не ја чувствувала.

Слушнете ја трогателната приказна на Ике за тоа како патувала за да го добие потребниот третман, за да може да продолжи да го живее својот живот во целост со нејзиниот сопруг и трите момчиња. 

Рејчел, Алекс и Ике, преку своите емоции, искуства и надежи, ги претставуваат сопствените искуства со различен тип на карцином на дојка и нивниот личен пристап кон третманот.

Постојат опции за третман, како што се: хирургија, радиотерапија, третман кој вклучува и хемотерапија, насочени терапии, имунотерапија и хормонални терапии во зависност од видот на карцином на дојка со кој се дијагностицира жената.

Рош се надева дека ќе помогне во едукацискиот процес на сите лица изложени на ризик или заболени од карцином на дојка, со цел да осознаат за различните видови на болеста, така што ќе имаат предзнаење во понатамошните разговори со својот лекар за персонализиран пристап на лекување.

Референци:

  1. Ferlay J, et al. Достапно на: пристапено: септември 2020 г. 

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава