The symptoms of breast cancer

Симптоми на карцином на дојка

Осум знаци на карцином кои може не ги знаете

За многумина, првиот знак на карцином на дојка е грутка во градите. Сепак, симптомите на карцином на дојка можат да варираат многу - од грутки до некои помалку очигледни знаци како што се промени на кожата. Откривањето на симптомите на карцином на дојка не мора да значи дека станува збор за малигна болест; сепак, апсолутно е од витално значење да разговарате за нив со вашиот лекар што е можно побрзо.

Карциномот на дојка мора рано да се открие и лекува. За луѓето со ран карцином на дојка ова може да понуди најдобри шанси за излекување. За карцином на дојка кој веќе се проширил на други органи, познат како напреднат карцином на дојка, раното откривање на болеста овозможува рано планирање за соодветен третман, што на крајот може да ги подобри исходите од третманот кај пациентот. Кога станува збор за дијагностицирање на карцином на дојка, времето е од витално значење. Запознајте ги симптомите на карцином на дојка и делувајте на време.

Changes in the skin texture on or around your breast: вовлекување

Промени на површината на кожата на или околу дојката: вовлекување

Ова може да сугерира на грутка внатре во дојката, која предизвикува скратување на лигаментите (фиброзно ткиво) во дојката, кое ги повлекува ткивото и кожата навнатре, што резултира со кариран или вдлабнат изглед.

Changes in the skin texture on or around breast: dimpling

Промени на површината на кожата на или околу дојката: нерамнини

Појава на нерамнини на кожата може да сугерира дека малите канали во дојката, наречени лимфни садови, кои помагаат во ослободување на телото од отпадните материи, се блокирани. Ова предизвикува воспаление и отекување на дојката, а на голема површина на кожата се развиваат мали дупчиња, кое личи како кора од портокал. Во некои случаи, ова е знак на еден вид карцином на дојка познат како воспалителен карцином на дојка.

Thickening of the breast tissue

Задебелување на ткивото на дојката

Ова може да сугерира грутка во клетките на жлездените лобули кои создаваат млеко или може да биде уште еден знак дека малите канали во дојката, наречени лимфни садови (кои помагаат во ослободување на телото од отпадните материи) се блокирани.

Eczma-like rash or redness

Појава на осип или црвенило слично на егзема на брадавицата или во околината

Ова е многу редок симптом на карцином на дојка. Мал број на случаи се поврзани со болест која е поврзана со карцином на дојка, наречена Паџетова болест. Додека нејзината причина останува непозната, Паџетовата болест предизвикува осип или црвенило слично на егзема на брадавицата или во околината.

The secretion of unusual discharge

Лачење на невообичен исцедок (како крв или гној) од брадавицата без стискање

Ова може да сугерира дека клетките на карциномот се наоѓаат во каналчињата (мали канали кои спроведуваат млеко), зад брадавицата.

Changes in the nipple

Промени на брадавицата, како вовлекување или менување на позицијата или формата

Развој на вовлечена брадавица што не може да се извлече, може да сугерира грутка зад брадавицата дека ја влече навнатре.

Visible veins on the breast

Видливи вени на самата дојка

Ова може да сугерира блокада на крвен сад, што може да биде предизвикано од грутка или зголемено снабдување со крв на дојката, знак кој може да го придружува растот на туморот.

A swelling in the armpit

Оток под пазувата

Ова може да сугерира грутка во лимфните јазли (кои помагаат во ослободување на телото од отпадните материи) под пазувата. Понекогаш грутка под пазувата може да биде позабележителна отколку во самата дојка.

Самопреглед на дојки

Редовното испитување на дојките, познавањето на симптомите на карцином на дојка и зборување со вашиот лекар веднаш штом забележите нешто што не е нормално за вас се од клучно значење. Ова е затоа што раната дијагностика и третман на карциномот на дојка ги подобрува шансите за борба против оваа болест.

Не постои погрешен начин на испитување на вашите дојки, клучно е да ги запомните следниве:

Изглед на кожата:
Кора на портокал, појава на вени, нерамен изглед
Промена на вашата брадавица:
Осип, црвенило околу брадавицата, вовлечена брадавица
Задебелување на ткивото:
Грутка во дојката или под пазувата, задебелување на ткивото на дојката

Повеќе информации