Ги разбиваме митовите поврзани со хемофилијата

Постојат многу заблуди за хемофилијата. Кликнете на картичките подолу за да ги разјасниме најчестите заблуди...

See all Миts

Мит

Ако некое лице со хемофилија се исече ќе искрвари до смрт

Вистина

Не секое крварење е опасно по живот. Кај лицата со хемофилија може да се појават модринки, крварења во мускулите и зглобовите кои ако се чести, можат да доведат до компликации.1

Мит

Лицата со хемофилија имаат само надворешно крварење, на пр. по повреда или посекотина

Вистина

Лицата со хемофилија може да имаат и спонтано внатрешно крварење, кои најчесто ги зафаќаат зглобовите на колената, глуждовите и лактите.2

Мит

Животниот век на лицата со хемофилија е пократок.

Вистина

Со соодветна грижа, животниот век на лицата со хемофилија денес е скоро еднаков како оној на здравите лица.2

Мит

Децата со хемофилија секогаш имаат некој во семејството кој исто така ја има оваа состојба.

Вистина

Иако хемофилијата е главно наследна болест, кај една третина од лицата, хемофилијата не е наследна.3

Мит

Хемофилијата се јавува само кај машки деца.

Вистина

Бидејќи хемофилијата се наследува рецесивно врзано со Х-хромозомот, повеќето лица со хемофилија се машки. Хемофилијата може да се појави и кај жени, но ретко.4

Мит

Сите лица со хемофилија имаат исти симптоми.

Вистина

Симптомите на хемофилија А варираат во зависност од нивото на факторот за коагулација VIII. Хемофилија А е класифицирана како лесна, средна и тешка.5

Мит

Лицата со хемофилија не смеат да се занимаваат со спорт.

Вистина

Со соодветен третман, лицата со хемофилија можат да се вклучат во многу спортови (на пр. пливање, трчање), но не се препорачуваат „груби“ спортови.2

Мит

Сите форми на хемофилија се предизвикани од недостаток или намалена активност на факторот за коагулација VIII.

Вистина

Најчеста форма на хемофилија е хемофилија А, која се должи на недостаток или намалена активност на факторот VIII. Хемофилија Б се јавува поради недостаток или намалена активност на фактор IX и хемофилија Ц поради недостаток или намалена активност на фактор XI.8

Мит

Сите лица со хемофилија на крајот ќе станат инвалиди поради оштетувањата на зглобовите.

Вистина

Со соодветен профилактичен третман, лицата со хемофилија можат да избегнат чести крварења на зглобовите и долготрајно оштетување на зглобовите.9

Референци: