Истражување на грипот

Еден од најпознатите катастрофални примери на грип од широки размери можеби е шпанската пандемија на грип од 1918 година. Го зафатил светот, убивајќи три до пет проценти од светската популација - меѓу 50 и 100 милиони лица - што го прави еден од најсмртоносните природни катастрофи во човековата историја. Тоа било толку сериозно, што животниот век во САД се намалил за околу 12 години.

За среќа, немало повторување на шпанскиот грип од 1918 година, но заканата од идните пандемии на грип останува вистинска грижа.1

И покрај значајните медицински достигнувања во текот на изминатите 100 години, вклучително и пронаоѓањето на антивирусни лекови, во светот сè уште се регистрираат помеѓу три до пет милиони случаи на грип на годишно ниво, кое резултира со милиони хоспитализации и околу 650.000 смртни случаи низ целиот свет. За да ја разбереме потенцијалната смртност на грипот, важно е да разбереме како функционира болеста.

Грипот е многу заразен, особено затоа што вирусот можете да го пренесете на други лица уште пред да имате клинички знаци и симптоми. Илјадници капки се шират секогаш кога некој има кашлица предизвикана од грип, при кивање или дишење, а тие капки можат многу лесно да се вдишат од оние коишто се секојдневно изложени. Дополнително, капките можат да се најдат на маса или на други површини и да живеат на нив до 48 часа. Кога луѓето ги допираат тие површини и потоа го допираат носот или устата, тие исто така можат да се заразат со вирусот.

Вакцинацијата е сè уште наша најдобра линија на одбрана во спречување на грипот, а Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат сите лица на возраст од шест месеци и постари да се вакцинираат секоја година. Но, не секој се вакцинира, па дури и луѓето што се вакцинираат сепак можат да се разболат од грип. Во тек на сезоната 2017-2018, на пример, ефикасноста на вакцините се проценувала на 40%.

Ние во „Рош“, веруваме дека неусогласеноста помеѓу годишната вакцина против грип и вистинските циркулирачки видови на грип ја потенцира важноста на третманот со грип. Дури и ако луѓето прават сé што треба - годишно вакцинирање на почетокот на сезоната на грип, рутинско чистење на површините, изолација на болните и често миење раце - луѓето сè уште можат да се разболат од грип. Севкупно, знаеме дека три до единаесет проценти од американското население ќе се разболат од грип секоја година. Ако имате грип, важно е веднаш да се обратите кај вашиот лекар затоа што антивирусните лекови земени во првите 48 часа може да ви помогнат да се чувствувате подобро побрзо и да избегнете ширење на вирусот на други лица.

Референци:

  1. Centers for Disease Control and Prevention. Viruses of Special Concern. достапно на:пристапено: септември 2018 година.

  2. Taubenberger JK, Morens DM. The pathology of influenza virus infections. Annu Rev Pathol. 2008;3:499-522.

  3. Canini L, Carrat F. Population modeling of influenza A/H1N1 virus kinetics and symptom dynamics. J Virol. 2011;85:2764-70.

  4. Carrat F, Vergu E, Ferguson NM, et al. Time lines of infection and disease in human influenza: a review of volunteer challenge studies. Am J Epidemiol. 2008;167:775-85.

  5. NIH: National Institute of Allergy and Infectious Diseases, Influenza Treatment. достапно на:пристапено: септември 2018 година.

  6. FDA. Guidance for Industry Influenza: Developing Drugs for Treatment and/or Prophylaxis. достапно на:пристапено: септември 2018 година.

Преземања

Истражување на грипот

Откриј повеќе

Квиз: грип

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава