
Доближување до Светиот грал во истражувањата за малигните болести
Комбинирање на клинички и геномски податоци за унапредување на персонализираната здравствена заштита.
ПовеќеСе наоѓаме во клучен момент од историјата на здравствената заштита. Невидена конвергенција на медицинско знаење, технологија и наука за податоци кои имаат можност да ја револуционизираат грижата за пациентите. Рош ја предводи следната генерација на здравствена заштита со партнери од целиот свет. Се сткенуваме со уникатно знаење за хуманата биологија преку нови начини за анализирање на здравствените податоци. Нашата визија е да овозможиме скринингот, дијагнозата, третманот, па дури и превенцијата на болестите, да го трансформираат животот на луѓето насекаде побрзо и поефикасно преку обезбедување на соодветен третман за соодветниот пациент во вистинско време.
Истражете ја персонализирaната медицина:
Трансформација на грижата во иднина
Медицина водена од пациенти и податоци
Дијагностика за попаметни одлуки
Трансформација на здравствените системи
Напредокот во медицината ни овозможи да направиме неверојатен исчекор во дијагностицирањето и лекувањето на болестите. Но, сложеноста на хуманата биологија е зачудувачка. Секоја личност е уникатна и на многу начини, како и болестите. Сепак, дигиталната револуција во здравството ни обезбедува нови начини како да се соберат висококвалитетни податоци од секој пациент и да се поврзат со податоци од големи бази на други пациенти за анализа со алгоритми засновани на вештачка интелигенција. Ова ни овозможува да постигнеме подлабоко разбирање за тоа како да се однесуваме кон секоја засебна индивидуа. Само тогаш можеме да видиме што е различно за секој од нас како индивидуи и тоа да го преведеме во персонализирана и со тоа подобрена грижа за секоја индивидуа. Доказите од редовната пракса, молекуларните информации генерирани од секвенционирање на следната генерација, податоците од мобилни алатки, мобилни апликации и нови клинички студии ќе ја трансформираат грижата во иднина.
Ако некој има подобро разбирање за своето здравје, може да живее поквалитетно во тек на целиот свој живот.
Податоците од редовната пракса не само што ни помагаат да ги разбереме моменталните третмани и кога да ги користиме, туку може да ни дадат информации и за развојот на идните третмани. Податоците кои доаѓаат од историјата на болеста на пациентите се здружуваат со со податоците кои доаѓаат од истражувањата. Овие податоци ја придвижуваат фармацевтската индустрија напред. Ние развиваме нови лекови кои, на пример, ги таргетираат специфичните начини на кои малигните болести растат или го избегнуваат имунолошкиот систем. Прецизната медицина веќе ги менува резултатите. Им помага на пациентите да живеат подолг и подобар живот со тоа што секоја личност ќе го добие вистинскиот третман во вистинско време.
Како геномското профилирање и размената на податоци можат да го променат текот на грижата за малигните болести.
ПовеќеПерсонализираната медицина претставува повеќе од прецизна медицина, бидејќи го содржи зборот „излекување“.
Рош е пионер во употребата на придружни дијагностички алатки за лековите кои се употребуваат кај малигните болести. Сега, тестовите за биомаркери често го помагаат процесто на донесување на одлуки за третман. Но, тоа е само почеток. Технологиите како секвенционирање на следната генерација можат да ја мапираат целосната генетска карта на поединецот, мутациите на малигната болест, како и дефинирање на други молекуларни карактеристики за да се најде најсоодветен третман. Течната биопсија може да ни овозможи неинвазивно да следиме како малигната болест се развива со текот на времето и соодветно да се прилагодува третманот. И дигиталните алатки, поддршката на процесот на донесување на одлуки им овозможуваат пристап на здравствените работници кон огромни количини на податоци, олеснувајќи ги нивните дискусии и процесите за донесување на најдобра одлука во врска со третманот на пациентот.
Секоја малигна болест е единствена.
Откријте како геномското тестирање може да ги открие мутациите кај малигните болести кои можат да помогнат во донесување на персонализирани одлуки за третман.
повеќеНие развиваме иновативни решенија за да донесеме поголема персонализирана грижа за пациентот, од дијагноза до одлука за терапија, третман и медицински мониторинг.
Персонализираната здравствена заштита не се однесува само на лекување и спречување на заболувања за индивидуални пациенти. Станува збор и за преиспитување на здравствениот систем за идните генерации. Персонализираната медицина може да испорача ефикасност што ќе ги одржува здравствените системи во услови на растечки трошоци. Но, системите ќе треба да се развиваат исто така. Пристапите на споделување на податоци, дизајн на клиничките студии и регулаторните процеси ќе бидат засегнати од дигитализацијата. За да се реализира ветувањето за персонализирана здравствена заштита, треба целиот систем треба да се развива, од начинот на кој ние развиваме лекови до начинот на кој им се пружа грижа на пациентите.
Ефективните и намерните соработки ќе ни овозможат да направиме многу повеќе заедно, да бидеме попаметни заедно, отколку што можеме да бидеме сами.
Треба да бидеме партнери за да го обликуваме целиот еко-систем кој ја поддржува персонализирана здравствена заштита. Тоа е големо и амбициозно и тоа е она што треба да се случи за да се трансформира грижата за пациентот.
Ние во Рош, работиме на тоа да обезбедиме персонализираната медицина да стане реалност, секојдневие. Ние соработуваме со лидерите во здравството и технологијата, со владите и регулаторните тела, како и со здравствените работници и претставниците на пациентските организации, да ја реализираме оваа визија. Нашата уникатна констелација на можности под еден покрив значи дека можеме да следиме каде нè води науката, технологијата и податоците. Но, знаеме дека не можеме да го сториме тоа сами; ние ќе ја постигнеме оваа цел само преку партнерство. Сега е време на извонредна соработка меѓу индустријата и компаниите. Нашата цел продолжува, да го правиме сега она што им е потребно на пациентите утре - осигурувајќи се дека секој ќе добие пристап до персонализираната здравствена заштита што им е потребна.
Меѓусекторските соработки ја прават здравствената заштита подемократска, подостапна и поефикасна.
Повеќе