Лекувањето на карцином не може да чека

Карцином на белите дробови во време на COVID-19.

COVID-19 стана еден од најголемите здравствени предизвици на нашата генерација, кој влијае на животот на секој од нас. За лицата со карцином на бели дробови, кој е нараспостранет и најсмртоносен облик на карцином, влијанието е уште поголемо заради сличноста на симптомите и итната потреба од рано лекување1. Токму поради тоа, сега повеќе отколку било кога, мораме да соработуваме за да ги пронајдеме најдобрите начини за пружање на поддршка на лицата кои се погодени од оваа болест.2

Во последните неколку години, направен е значаен напредок во подобрување на дијагнозата и третман на карциномот на бели дробови. Како резултат на тоа, се забележува намалување на морталитетот од карцином на бели дробови и последните податоци покажуваат намалување за 6,3% од 2013 до 2016 година3. Меѓутоа, COVID-19 претставува вистинска закана за овој напредок. Како пример, во Велика Британија, податоците укажуваат на тоа дека лекувањето на карцином на бели дробови е намалено за 75% за време на првиот карантин.4 Сепак, ова не значи дека има помал број на случаи, само дека помал број на лица бараат помош и се дијагностицираат навреме.2 За жал овој тренд, се забележува кај повеќе држави на глобално ниво.

Покрај напредокот кој е направен во грижата за карцином на бели дробови, оваа болест е виновна за најголем број од смртоносните случаи од рак секоја година.5 За време на пандемијата, има огромна потреба од тоа да се осигураат лицата со карцином на бели дробови дека не се заборавени и дека ние, како општество, нема да дозволиме да се замени една глобална здравствена криза со друга.

За да се направи разлика во животот на лицата кои се справуваат со оваа болест тие мора да бидат навремено дијагностицирани и третирани. За карциноми кои брзо прогресираат, како карциномот на белите дробови, дијагнозата и третманот во раните фази на болеста може да им овозможи на пациентите подобра шанса за преживување.2

Меѓутоа, дури и пред пандемијата со COVID-19, истражувањата покажуваат дека лицата со симптоми на карцином на бели дробови се колебале да побараат медицински третман заради стигмата или стравот од дијагноза со оваа болест.6 Предизвиците предизвикани од COVID-19 ги зголемуваат овие бариери и се нагласува потребата за нивно надминување и пронаоѓање на долготрајно решение, кое ќе произлезе од оваа криза.

  • COVID-19 или карцином? Кашлање, губиток на воздух или изнемоштеност се симптоми кои се поврзуваат со COVID-19. Овие симптоми исто така се и најчестите знаци и симптоми на карцином на белите дробови. Разбирање на сличностите и разликите помеѓу овие две болести може да помогне да се идентификува потребата кога да се побара медицински совет и со тоа навремено да се добие потребната грижа.

Лицата кои имаат нова континуирана кашлица, може да бидат обесхрабрени од тоа да стапат во контакт со здравствените институции, заради чекорите кои се воведени од страна на владата за супресија на ширењето на COVID-19. Токму затоа потребни се конкретни водичи за знаци и симптоми кои укажуваат дали кашлицата е последица на COVID-19, или се работи за нешто друго.

  • Карциномот не чека! Во последните неколку месеци, пандемијата ги монополизира насловните страници на сите медиуми во светот. Со континуиран фокус на COVID-19 , не е изненадувачки фактот дека перцепцијата на народот е дека здравствениот систем го приоритизира COVID-19 пред другите болести. За жал, за болест која брзо прогресира како што е карциномот на белите дробови, било какво недоразбирање околу важноста за добивање на медицинска грижа и понатамошно одложување на дијагнозата и третманот, може на некое лице да му значат месеци па дури и години од животот или пак самиот живот. Затоа многу е важно лицата со симптоми на карцином на белите дробови да ги препознаваат симптомите и итно да делуваат за нивна дијагноза.7 Преку препознавање на оваа потреба, многу земји ја креваат свесноста за навремена дијагноза.

  • Дополнителен слој на страв. Посетувањето на здравствените институции при појава на симптоми може да биде отежнато и голем дел од лицата се загрижени заради зголомениот ризик од зараза со COVID-19. Исто така, постои ризик дека стравот од изложување на COVID-19 може да ги спречи лицата од посетување на здравствените институции.8

Влијанието на оваа пандемија не е лимитрано само кон дијагнозата, можеме да забележиме дека пандемијата влијае и на третманот на лицата со карцином на белите дробови. Од различните третмани на карцином на белите дробови најголемо влијание се забележува кај операциите, кои се одложени кај голем број на лица за време на пандемијата.9

Покрај операциите, карантините кај голем број на лица предизвикуваат потешкотии во одржување на достапност на третман и голем број на пациенти мораа да ја променат својата терапија.10, 11

Пациентите со карцином на белите дробови се поподложни на инфекции и компликации од COVID-19, притоа многу е важно овие пациенти да имаат силен систем на подршка, со кој ќе добиваат навремена диагноза и менаџмент доколку дојде до зараза со COVID-19.12

Многу е важно да се работи на тоа овие предизвици да бидат надминати, бидејќи влијаат на долготрајното преживување на лицата заболени од оваа болест. Се претпоставува дека, како резултат на COVID-19, пет годишното преживување кај лицата со карцином на белите дробови во Велика Британија е опаднато од 16,2% на 15,4% во 2020 година.13

Иако и до сега имало голем број на предизвици, здравствениот систем, владата и другите важни страни, брзо се адаптирале на промените. На пример, во моменти кога голем број на лица немаа пристап до терапијата, заради намален број на посети на здравствените институции, голем број од клиники воведоа системи самата терапија да се испраќа до домовите на пациентите.10 За време на пандемијата, некои држави исто така имаат воведено и мобилни системи за течна биопсија со кои може да се детектираат геномски промени. Овие мобилни системи овозможуваат изведување на биопсијата во домовите на пациентите или посебни клиники, со кои се намалува можноста за инфекција.

Технологијата и телемедицината се исто така многу важен дел од животот на лицата кои живеат со оваа болест и нивните здравствени работници, бидејќи со нив се овозможува полесно следење на пациентите од нивниот дом, без потенцијал за зголемен ризик при патување до здравствените центри.8 Во Рош, се фокусираме на решенија кои помагаат во поддршка на клиничките одлуки со кои здравствените професионалци можат полесно да направат одлука за својата дијагноза и полесно да одлучат кој е најсоодветниот третман за пациентите.

Иако огромен труд е вложен во митигирање на влијанието на овие предизвици, сеуште е потребна колаборација, усовршување и инвестиција во нови алатки за подобро и поефикасно работење.

Ние сме посветени кон соработка со здравствените партнери, со кои најлесно ќе ги осознаеме најважните решенија за овие проблеми.  Ова вклучува поддршка во испраќање на терапијата на пациентите до нивните домови, како и пофлексибилно вклучување во телемедицината и соработка со технолошки компании. Соработката со сите е клучна во пронаоѓање на одговор кон предизвиците во патот на пациентот, преку ко-креирање на важни и добро осмислени флексибилни опции за пружање на нега.

Предизвиците во дијагноза и пристап до терапија кои се создадоа за време на кризата со COVID-19, не се нови, меѓутоа се многу поизразени. Ова е момент кога треба да го поставиме нашиот здравствен систем под микроскоп и да работиме заедно за да пронајдеме најдобри решенија за пациентите со карцином на белите дробови.

Во Рош, карциномот на бели дробови е фокус веќе повеќе декади и ние сме пионери во креирање на еден нов 360о пристап, преку комбинирање на нови тестови, третмани и решенија за достапност на терапија за сите пациенти. Овој пристап ни овозможува да ја индивидуализираме и трансформираме грижата за лицата со карцином на бели дробови, преку овозможување на персонализиран третман кој е приспособен за сите индивидуални потреби.

Иднината започнува сега. Иако постојат многу голем број на непознати варијабли за глобалното влијание на COVID-19, со сигурност знаеме дека пандемијата има огромно влијание во животот на лицата со карцином на белите дробови. За да се осигураме дека ќе имаме позитивен прогрес, мораме да ги фокусираме нашите сили кон рушење на бариерите во дијагноза на карцином на белите дробови, тестирање и третман. Многу е важно сите личности да можат да ги препознаваат знаците на карцином на белите дробови и да препознаваат кога нешто не е како што треба и да не чекаат за да го побараат својот доктор.

Не можеме со сигурност да кажеме уште колку долго ќе трае оваа пандемија, но можеме да бидеме сигурни дека ќе продолжиме континуирано да соработуваме како заедници, да пронаоѓаме решенија за предизвиците со кои што се соочуваат лицата со карцином на белите дробови, сега и во иднина.

Референци:

  1. Cancer Research UK. News digest – calorie guidelines, reduced lung cancer referrals and COVID-19’s impact on cancer services. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  2. Cancer Research UK. Lung cancer risks becoming ‘forgotten disease’ of the coronavirus pandemic. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  3. National Institutes of Health. New treatments spur sharp reduction in lung cancer mortality rate. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  4. UK Lung Cancer Coalition. COVID-19 Matters: A review of the impact of lung cancer pathway and opportunities for innovation emerging from the health system response to the pandemic. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: https://www.uklcc.org.uk/wp-content/uploads/2020/10/UKLCC-COVID-19-Matters-Report-Oct-2020.pdf

  5. World Health Organization. Cancer. [Internet; cited November 2020]. Достапно на: 

  6. Global Lung Cancer Coalition. Patient Charter. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  7. Roche. COVID-19 and Cancer: Expert Panel Discussion and Q&A. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  8. Mayo Clinic. COVID-19 Accelerates Telemedicine Use in Oncology Practices. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  9. Sud A., Jones M.E., Broggio J., et al. Collateral damage: the impact on outcomes from cancer surgery of the COVID-19 pandemic. Annals of Oncology. 2020:31(8);1065-74.

  10.  NHS England. NHS England interim treatment options during the COVID-19 pandemic. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: https://www.nice.org.uk/guidance/ng161/resources/interim-treatment-change-options-during-the-covid19-pandemic-endorsed-by-nhs-england-pdf-8715724381

  11.  Center for Global Development. Understanding the Impact Of COVID-19 On Essential Medicine Supply Chains. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  12.  Lung Cancer Research Foundation. COVID-19 and Lung Cancer. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

  13.  IPPR. The hidden cost of Covid-19 on the NHS - and how to ‘build back better’. Пристапено: ноември 2020 г. достапно на: 

Откриј повеќе

Дознајте повеќе за геномското тестирање кај карцином на белите дробовиДознајте повеќе за одговор на Рош за време на пандемијата со COVID-19

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава