Прва смарт игра за СМА

Компанијата Рош Македонија останува посветена на мисијата за унапредување на здравствениот систем, грижата и целокупната нега на пациентите. Неодамна подари уште еден вреден подарок, овој пат на заедницата на пациенти со спинална мускулна атрофија (СМА).

Станува збор за Tiny Trainers, првата игра за смарт телефон за СМА во светот. Тоа е апликација што го прави вежбањето на децата со спинална мускулна атрофија позабавно и моментално е достапна на  и платформите.

За децата и возрасните пациентите со СМА, физичката активност и физиотерапијата се важен елемент од секојдневниот живот па токму оваа апликација дополнително ќе овозможи пациентите со СМА да вежбаат дома и да ги зајакнат своите мускули.

Деца и семејства ширум светот, заедно со Björn Klanac, физиотерапевт од Гетеборг, специјализиран за справување со деца со СМА, и Carl-Arvid Ewerbring од Nordic Forest Games биле вклучени во развојот на TinyTrainers.

Апликацијата содржи 5 забавни игри преку кои изведувањето на физиотерапевтските вежби е позабавно за децата и како дополнување на редовната физиотерапијата. Вежбите се посебно избрани од страна на физиотерапевт специјализиран за работа со деца со СМА да бидат корисни за пациенти со било кое невромускулно заболување, како и СМА од тип 1 и 2. Преку секојдневна грижа за виртуелно милениче децата се поттикнуваат да ги изведуваат своите физиотерапевтски вежби. Децата можат да одберат виртуелно милениче (маче или куче), кое треба да се храни, бања или со кое може да се игра со помош на храна, играчки и сапун. За да се добие храна, играчки и сапун, треба да се игра кратка игра која се заснова на физиотерапевтски вежби. Вклучени се три вежби; една за врат, една за вежбање во седната положба и една за рамења. 

Игрите се лесни, забавни и одлични за подолго играње!

Погледнете го видеото за првата смарт игра за спинална мускулна атрофија, Tiny Trainers

Откриј повеќе

Apple StoreGoogle Play

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава