Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест е прогресивна, фатална болест на мозокот која се карактеризира со губење на меморијата, говор и способност за размислување, како и промени во расположението и однесувањето. Сепак, биолошките промени во мозокот може да се појават дури децении пред да се појават првите симптоми. Во доцните фази на болеста, луѓето честопати не се во состојба да комуницираат и комплетно се зависни од други лица дури и при едноставни секојдневни задачи.¹

Ширум светот 46,8 милиони лица живеат со деменција, додека 9,9 милиони лица се новодијагностицираат со деменција секоја година.1 Алцхајмеровата болест е најчеста причина за деменција. Сеуште не постои лек, и ова претставува еден од најголемите предизвици на јавното здравје во денешно време. Моменталните третмани се фокусирани кон олеснување на симптомите. Тие не се во состојба да ја стопираат прогресијата на болеста бидејќи не влијаат врз основните причини за болеста.1 Алцхајмеровата болест е голем проблем за општеството бидејќи стотици милиони старатели и членови на семејства се погодени заедно со пациентите, страдајќи емотивно, физички и финансиски. Се очекува дека до 2050 година, повеќе од 130 милиони лица ширум светот ќе имаат деменција.2

Основната биологија на Алцхајмеровата болест се базира на создавање на два протеини во мозокот - бета амилоид и тау, обично предизвикани од напредната возраст или генетски фактори. Еден од патолошките обележја на Алцхајмеровата болест е акумулација на бета амилоид (зголемена продукција или намален клиренс) во мозокот.1 Додека бета амилоидните плаки се обележје на Алцхајмеровата болест, бета амилоидот постои во повеќе форми, вклучувајќи и мономери (единечни протеини), олигомери (мали агрегати на протеини), влакна (долги агрегати на протеини) и плаки. Не е јасно дали сите или само некои од овие бета амилоидни форми се штетни за мозокот, но постојат значителни докази дека агрегираните форми, како што се олигомерите и плаките, се токсични за нервните клетки.3

Врз база на нашата долга историја на трансформирање на научните сознанија во лекови кои го менуваат животот, нашите истражувачи создаваат нови технологии за да дознаат повеќе за тоа како започнува и како напредува Алцхајмеровата болест.

Нашата цел е да го промениме влијанието на болеста врз мозокот - а не лекување на симптомите од болеста. Истражувањата на Рош во Алцхајмеровата болест се насочени кон неколку патишта поврзани во основната биологија на болеста, вклучувајќи бета амилоид и тау протеинот. Податоците на Рош, другите фармацевтски компании и академската заедница сугерираат дека отстранувањето на различните форми на бета амилоид може да обезбеди клинички бенефит за луѓето во пораните стадиуми на Алцхајмеровата болест. Рош истражува нови молекули кои го таргетираат бета амилоидот на различни начини, како и истражувања насочени кон тау протеинот.

Ние можеме да ги решиме овие предизвици само преку соработка со владини претставници, академски истражувачи, други фармацевтски компании, старатели и самите пациенти. Рош има цврста заложба за точна и навремена дијагноза, работејќи во пронаоѓање на нови дијагностички технологии кои потенцијално можат да им помогнат на пациентите да добијат подобра здравствена грижа и во иднина добијат ефикасни лекови. Новите дијагностички алатки заедно со новите целни лекови ќе ни овозможат откривање, мерење и забавување на прогресијата на оваа болест.

Во блиска иднина, најверојатно, ќе успееме со мали чекори да направиме разлика бидејќи ние истражуваме за Вас, вашите најблиски, нашите најблиски и засегнатите милиони лица. 

Како поддршка за подигнување на свесноста за Алцхајмеровата болест, погледнете го и споделете го ова видео за да ги поттикнете и другите да ја препознаат една од најголемите закани по здравјето на денешницата.

Референци:

  1. Alzheimer’s Association. 2015 Alzheimer’s Disease Facts and Figures. Alzheimer’s & Dementia 2015; 11(3):332+.

  2. Alzheimer’s Disease International. World Alzheimer Report 2015: The Global Impact of Dementia. Достапно на:Пристапено на 1 јули 2016 година.

  3. Querfurth HW and LaFerla FM. Alzheimer’s Disease. N Engl J Med 2010; 362(4):329-44.

Повеќе прикази на случаи во неврологијата

Погледни подетално во неврологијата

Откриј повеќе

За истражување и развој на нови молекули во невронауката

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава