Рош во спектар на нарушувања од типот на оптички невромиелитис
Во моментов спроведуваме иновативни истражувања на идни третмани за NMOSD и други автоимуни болести на централниот нервен систем
:quality(90)/)
Спектар на нарушувања од типот на оптички невромиелитис (анг. neuromyelitis optica spectrum of disorders, NMOSD) е ретка, доживотна и изнемоштувачка автоимуна болест на централниот нервен систем (ЦНС), од која боледуваат само неколку стотици илјади луѓе ширум светот.
Болеста примарно ги оштетува оптичкиот нерв и 'рбетниот мозок кое може да предизвика слепило, мускулна слабост и парализа. Најчесто се јавува во најдобрите години од животот, помеѓу 30-тите и 40-тите години. Кај оваа болест, имунолошкиот систем погрешно го напаѓа здравото ткиво на ЦНС, оптичкиот нерв и 'рбетниот мозок. Точната причина останува непозната.
Иако повеќето случаи на неуромиелитис оптика спектар на нарушувања може да се откријат со дијагностичк и тестови, пациентите честопати се дијагностицираат погрешно како мултипла склероза токму поради сличноста, вклучувајќи ја и нејзината повисока инциденца кај жени, симптомите и фактот дека станува збор за болест заснована на релапси.
Влијание и иднината на оптички невромиелитис
Оптички невромиелитис е прогресивна болест, што значи дека симптомите продолжуваат да се развиваат со секој релапс, честопати инвалидизирајќи ги луѓето. Дознајте повеќе за клучните факти и статистичките податоциза да разбереме повеќе за NMOSD, неговото влијание и зошто Рош е посветен на луѓето со оваа болест.
Во моментов не постои лек за NMOSD, но ние спроведуваме широко истражување за да помогнеме да се обезбеди иновативен и ефикасен метод за лекување на пациентите со NMOSD кој има за цел да се подобрат животите на оние што живеат со оваа болест. Нашата филозофија во Рош е едноставна: ја следиме науката за да го зачуваме она што ги прави луѓето уникатни.
Ние сме оптимисти. За прв пат во историјата, имаме алатки, технологија и научно знаење за кои веруваме дека ќе доведат до нови видови лекови кои можат да ги променат болестите како што е NMOSD. Ние сме посветени на застапување на предизвиците во неврологијата со иста желба, страст и сериозност како и во онкологијата.