Факти за уротелијалниот карцином во сите стадиуми

Карциномот на мочен меур е еден од десетте најчести карциноми во светот.
Превземете (0.3 MB)
Карциномот на мочен меур е 10-ти најчест карцином на глобално ниво; во 2018 година имало над половина милион новодијагностицирани случаи на карцином на мочен меур на глобално ниво, со околу 200.000 смртни случаи од оваа болест.1
Карциномот на мочен меур се карактеризира со развој на абнормални клетки во слузокожата на мочниот меур.2 Постојат три главни типа на карцином на мочен меур:2
Најчестите симптоми на карциномот на мочниот меур вклучуваат: крв во урина; абдоминална болка; болка во долниот дел на грбот; и иритација на мочниот меур.3,4
Околу половина од сите видови на карцином на мочен меур се дијагностицираат во раната, не-мускулно инвазивна фаза (стадиум 0-I),5 што значи дека клетките на карциномот се наоѓаат само во внатрешниот слој на зидот на мочниот меур.6 Како и кај многуте видови на карцином, раната дијагноза е многу важна бидејќи е поврзана со повисока стапка на преживување.7
Околу една третина од случаите се дијагностицираат кога карциномот се проширил подлабоко во мочниот меур,5 кој е познат како мускулно инвазивен карцином на мочен меур (стадиум II и III).6 Во останатите случаи, карциномот се проширил во околните мускули и органи5 - и е познат како метастатски карцином на мочен меур (стадиум IV).6
Иако околу три четвртини од сите случаите на карцином на мочен меур се јавуваат кај мажите,1 жените се почесто се дијагностицираат во доцна фаза на болеста (стадиум III-IV), што се смета дека придонесува за пониска стапка на преживување во споредба со мажите.7 Одложената дијагноза кај жените може да биде резултат на вообичаените симптоми на карциномот на мочен меур и погрешното дијагностицирање како инфекција на уринарниот тракт.8,9
По дијагностицирање на карцином на мочен меур во стадиум IV, 5-годишната стапка на преживување е 15% кај жените, споредено со 27% кај мажите. Всушност, жените имаат пониска 5-годишна стапка на преживување, во споредба со мажите, во сите стадиуми на болеста.7 Ова ја покажува потребата за поголема свесност за раните симптоми на карциномот на мочен меур, особено кај жените.
Често се занемарува, но третманот на карциномот на мочниот меур не е променет со децении. Но, континуираното истражување за биологијата на карциномот и неодамнешните достигнувања во областа на целната терапија и воведувањето на канцер имунотерапијата, донесоа нова надеж и нова третманска опција за одредени лица со карцином на мочен меур, после 30 години без значителен напредок. Се надеваме дека комбинацијата на рана дијагноза и неодамнешниот напредок во третманот ќе помогне во подобрување на стапките на преживување кај лицата со карцином на мочниот меур.
Карциномот на мочен меур е еден од десетте најчести карциноми во светот.
Превземете (0.3 MB)Рош е лидер во канцер имунотерапијата водејќи иновативни истражувања, кои вклучуваат имуно профилирање со цел откривање на најсоодветен лек за секое лице поединечно.
ПовеќеКарциномот на мочен меур се создава кога абнормални клетки од неговиот ѕид ќе почнат неконтролирано да се размножуваат.