Факти за карциномот на црн дроб, хепатоцелуларен карцином

Карциномот на црн дроб е шестиот најчест карцином во светот.
Превземете (3,1 MB)
Црниот дроб претставува орган кој е одговорен за отстранување на токсини и дистрибуција на хранливи материи во организмот.1 Тој има способност за само-регенерација, дури и кога е оштетен од токсините кои ги процесира.2 Знаејќи го ова, зачудувачки е фактот дека карциномот на црн дроб е еден од карциномите кои се во пораст во светски рамки. Хепатоцелуларниот карцином (анг. hepatocellular carcinoma, HCC) како примарен карцином на црниот дроб, претставува 90% од сите откриени случаи.3 Хепатоцелуларниот карцином е агресивен тип на карцином со ограничен број на опции за лекување и е една од главните причини за смрт во светски рамки.3
Повеќето од овие случаи на лица со хепатоцелуларен карцином се откриваат во Азија и скоро половина од сите случаи во Кина4,7. Во САД, бројот на пациенти дијагностицирани со карцином на црн дроб е тројно зголемен од 1980те година до денес и HCC претставува најбрзо растечката причина за смрт од карцином8,9.
HCC доминантно се појавува кај лица со цироза на црниот дроб како последица од хроничен хепатитис (Б и/или Ц) или како последица на голема конзумација на алкохол. Најчесто се манифестира во напредна фаза.3 Други ризик фактори се: зголемена консумација на масна храна и зголемена телесна тежина, како и афлатоксинот кој е карциногена мувла која може да се најде во расипана храна (најмногу во ориз).13
Знаците и симптомите кај пациентите со НСС, најчесто се појавуваат во доцна фаза, но некои лица може да имаат:
Водичите на Американската асоцијација за истражување на болести на црниот дроб (анг. American Association for the Study of Liver Diseases, AASLD) препорачуваат следење на популацијата која е со висок ризик за појава на НСС, на секои 6 месеци со помош на ултразвук, со или без правење на крвни тестови со кои се проверува нивото на протеинот AFP.14 Со помош на ултразвук, може да се детектираат мали маси во црниот дроб. Иако ова е процедура која може лесно да се направи кај докторите, сепак може да дојде до несоодветни резултати доколку процедурата ја прави неискусен техничар, или доколку пациентот има поголема телесна тежина. Неодамна направената мета-анализа покажува дека со ултразвук може да се пропуштат половина од карциномите кои се во рана фаза на болеста.15 Притоа, потребни се други методи за дијагноза, како што е абдоминален скен со компјутеризирана томографија, абдоминален скен со магнетна резонанца или биопсија на црниот дроб.14 Овие методи се попрецизни од ултразвукот, меѓутоа се поинвазивни и помалку комфортни за пациентите. Тие се исто така многу поскапи за здравствениот систем.
Програмите за скрининг се поврзуваат со подобро преживување16
Иако последните напредоци во процесот на скрининг и новите третмани се важен дел од превенцијата, дијагнозата и третманот на хепатоцелуларниот карцином, клиничарите сè уште се соочени со предизвици во раната дијагноза на болеста. Само 44% од сите пациенти кои живеат со карцином на црниот дроб се дијагностицираат во ран стадиум.18 Помалку од 16% од пациентите кои се дијагностицираат во доцен стадиум ги преживуваат првите 5 години после дијагнозата19, додека 70% од пациентите кои се дијагностицирани во ран стадиум сеуште се живи после 5 години по дијагнозата. Затоа, раната дијагноза на HCC е многу важен фактор за подобрување на клиничкиот исход кај пациентот.
Покрај високата преваленца на НСС, лицата со оваа болест имаат малку третмански опции и ниска стапка на преживување.11, 16
Карциномот на црн дроб е шестиот најчест карцином во светот.
Превземете (3,1 MB)Рош е лидер во канцер имунотерапијата водејќи иновативни истражувања, кои вклучуваат имуно профилирање со цел откривање на најсоодветен лек за секое лице поединечно.
ПовеќеМалигните болести се сеуште втора најчеста причина за смрт во развиените земји и нивниот број се зголемува. Нашите научници откриваат нови молекули и биомаркери кои можат да го помогнат во излекување и продолжено преживување кај малигните болести.
Повеќе