Understanding heart failure

Ги разбиваме митовите за карциномот на бели дробови

Постојат бројни митови поврзани со карциномот на бели дробови; многу придонесуваат за стигматизација на оваа болест. Кликнете на картичките подолу за да откриете што е вистина а што мит…

Мит

Само луѓето кои пушат заболуваат од карцином на бели дробови

Вистина

Околу 15% од случаите на карцином на бели дробови се јавуваат кај луѓе кои никогаш не пушеле.1

Други ризик фактори кои можат да придонесат за развој на болеста се: пасивно пушење и загадување на животната средина.2

Мит

Сите лица со карцином на бели дробови кашлаат

Вистина

Иако голем број (> 65%) од пациентите дијагностицирани со карцином на бели дробови имаат кашлица како симптом, дел од пациентите немаат кашлица како симптом, а некои немаат никакви симптоми.3,4

Мит

Карциномот на бели дробови е болест на модерното време и не постоел пред пронаоѓање на цигарите

Вистина

Карциномот на бели дробови за прв пат е откриен уште во 1761 година, долго пред пронаоѓање на цигарите. Иако се откривал релативно ретко во минатото, оние кои го имале страдале од големи здравствени проблеми.5

Мит

Карциномот на бели дробови се јавува само во белите дробови

Вистина

Карциномот на белите дробови може да се прошири низ целото тело и да биде метастатски. Најчеста локација за метастази од белите дробови е мозокот, кои може да се предизвикаат загуба на некои од виталните функции, на пр. видот.6

Мит

Само мажите заболуваат од карцином на бели дробови

Вистина

Иако мажите се со поголема веројатност да заболат од карцином на бели дробови (1 од 14), жените исто така имаат висок ризик (1 од 17).7,8

Мит

Секој карцином на белите дробови е ист

Вистина

Не постои еден вид на карцином на бели дробови - постојат два главни типа; ситноклеточен карцином на бели дробови и крупноклеточен карцином на бели дробови со многу подтипови.9

Мит

Не може да се живее без две белодробни крила, така што не е можно хируршко отстранување на карциномот на белите дробови

Вистина

Всушност, отстранувањето на дел или дури и на цело белодробно крило е начин за лекување на локализиран карцином на бели дробови.10

Мит

Карциномот на бели дробови се јавува само кај постари лица

Вистина

Навистина, карциномот на бели дробови е почест кај повозрасни лица, но важно е да се нагласи дека третина (31%) од новодијагностицираните и (28%) смртните случаи се јавуваат кај лица помлади од 65 години.11

Мит

Откако карциномот на бели дробови ќе се прошири, повеќе не може да се лекува

Вистина

Кога карциномот на бели дробови ќе се прошири, станува потежок за лекување. Иако во суштина лицата не можат да се излекуваат, новите терапевтски методи (целна терапија и имунотерапија) можат значително да го продолжат животот.10-12

Референци: