Онкологија

Нашите научници преземаат ригорозен и сеопфатен пристап кон разбирање на биологијата на малигните болести и откривање на лекови.
Онкологијата е гранка на медицината која се занимава со малигни болести.1 Зборот потекнува од грчкиот збор онкос (ογκο) што значи маса, тумор и суфиксот -логија (-λογία) што значи „наука“.¹

Рак (латински cancer) или малигна болеста е генерално име за група од преку 250 различни болести чија заедничка особина е неконтролирана делба на променети клетки. Неговиот развој вклучува мноштво од промени што ја прави борбата со малигните болести тешка.2

Според GLOBOCAN, во 2018 година глобално се дијагностицирани 18,1 милиони нови случаи на лица со малигна болест.3  Според предвидувањата, се очекува бројот на заболените од малигна болест од 2018 до 2040 година да порасне за 62% на 29,5 милиони.3 Годишно од малигна болест во светот умираат 9,6 милиони лица.3

Сеуште, малигните болести се втора водечка причина за смрт после кардиоваскуларните заболувања во индустријализираниот свет  и неговата инциденца се зголемува. Еден од 6 смртни случаи е поради малигна болест, со вкупни годишни трошоци од 1.160 милијарди американски долари (2010 година).4

Сепак повеќе од 30% од смртните случаи предизвикани од ракот можат да се превенираат главно со откажување од пушење и алкохол, здрава исхрана, физичка активност и со превенција од инфективни заболувања.5 Како резултат на се пораното откривање на ракот и новите успешни тераписки можности многу од заболените по завршеното лекување живеат исполнет и квалитетен живот.6

Нашето разбирање на молекуларните механизми на развојот на малигните болести и како се прошируваат истите постојано се подобрува. Ова им помага на нашите научници да ги насочат процесите кон пронаоѓање на лек за малигните болести. Ова е област каде биофармацевтските производи, а особено високо специфичните антитела играат важна улога. Нашата цел е да користиме современи технологии за да ги направиме овие биофармацевтски производи уште поефективни во иднина.

Прецизната дијагностика е клучот за успешен третман. т.е. компонентите на нашите клетки во телото кои можеме да ги користиме како индикатори за болеста, ќе им овозможат на лекарите да утврдат кој тип на малигна болест има лицето на многу побрз и поконкретен начин.

Рош исто така работи на идентификување на туморски биомаркери кои ќе ги детектираат малигните клетки многу порано пред да се појават првите симптоми. Оваа информација ќе им помогне на лекарите да започнат таргетиран и ефикасен третман без одложување, а со тоа подобрување на благосостојбата на пациентите и намалување на трошокот на здравствениот систем.

Референци:

  1. Wikipedia, The Free Encyclopedia,пристапено на 17.09.2014 год.

  2. American Cancer Society,пристапено на 17.09.2014 год.

  3. International Agency for Research on Cancer, Global Cancer Observatory,

  4. Stewart BW, Wild CP (2014) World Cancer Report 2014, World Health Organization, pp. 576-577

  5. Wikipedia, The Free Encyclopedia,пристапено на 17.09.2014 год.

  6. World Health Organization,пристапено на 17.09.2014 год.

Детални прикази на случаи

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Други терапевтски подрачја

Погледни ги сите терапевтски подрачја

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава